10 ПРЕПОРАКИ НА ДОКТОРИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА РАК И ДРУГИ БОЛЕСТИ

//

Јадете спанаќ, јајца и авокадо
Овие три вкусни и здрави производи ги препорачува онкологот, специјалист за болести на уринарниот систем, Филип Спајс. Секое утро тој го подготвува следниот појадок: една четвртина чаша спанаќ се меша со јајце и се вари во тенџере, потоа се додава уште една белка од јајце. Додадете малку сирење, сецкано авокадо и чили сос. Д-р Спајс смета дека ова е најдобрата превенција на ракот.

Чувајте ја кожата на вашето лице од штетните сончеви зраци
Кожата е органот што е најосетлив кога се работи за појава на тумори. Дерматологот Џозеф Собанко од Универзитетот во Пенсилванија секое утро (веќе 30 години) се мачка со крема за заштита од сонце, која содржи цинк и титаниум.

Малку аспирин секој ден
Директорот на програмата за превенција на рак кон Универзитетот во Конектикат, Даниел Розенберг, советува да се прима по 81 mg аспирин секој ден. Според него, аспиринот помага да се спречат воспаленијата на дебелото црево. Оваа практика навистина помага, но не е добра за секого. Затоа, разговарајте со вашиот лекар пред да ја земате дневната доза аспирин. Ако не постојат контраиндикации, можете слободно да го послушате овој совет, особено ако некој во вашето семејство веќе ја имал оваа болест.

Исфрлете ја пластиката
Професорот по урологија, Ванг Чанг, советува да не се користат пластични кеси, бидејќи тие содржат супстанции кои предизвикуваат рак. Затоа, подобро е да користите керамички и стаклени садови или хартиени кеси за да ја чувате вашата храна.

Витамин Б3
Онкологот Ентони Роси силно го препорачува витаминот Б3 како додаток кон храната (посебно кон појадокот). Роси исто така препорачува употреба на козметички продукти кои во својот состав содржат Б витамини.

Јадете јаткасти плодови
Онкологот Метју Жергелен советува да се јадат по една рака јаткасти плодови секој ден. Според него тоа не само што ја превенира можната појава на рак, туку ја подобрува и функционалноста на мозокот.



Јадете повеќе риба
Риба на скара со ориз и зеленчук е омилената вечера на онкологот Кристофер Сегал. Тој препорачува да се јаде риба минимум 2 пати во неделата.

Намалете го стресот
Хроничниот стрес е најдобриот пријател на ракот. Опуштете се и пробајте да не мислите цело време на вашите проблеми. Така ќе ја намалите можноста за појава на туморни клетки.

Бидете физички активни
Онкологот Кит Макреј тврди дека луѓето што се физички активни најмалку 2, 5 саати неделно ја намалуваат можноста да се разболат од рак за 30% во просек.

Пијте зелен чај наутро
Онкологот Ален Вон пие чаша зелен чај секое утро. Овој напиток е полн со голем број антиоксиданси и препорачлив посебно за мажите. Запомнете дека пиењето зелен чај не е препорачливо за луѓето кои веќе се болни од рак.

 

Претходна статија

БОМБИТЕ ЗА ТРАЕКТОРИЈА ГО ТРЕСАТ КРИВИЧЕН

Следна статија

ВО ШТИП ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ЛЕСНОВСКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА

Најново од Истакнато