20 ЉУБОВНИ ПРАШАЊА СО КОИ ПОДОБРО ЌЕ ГО ЗАПОЗНАЕТЕ ВАШИОТ НОВ ПАРТНЕР

Започнувајќи нова љубовна врска, едвај чекаме да дознаеме повеќе за нашиот партнер. Ние сме заинтересирани не само за неговите активности, хоби, цели во животот, туку и за неговиот однос кон љубовта, жените / мажите, врските итн. Секогаш можете да додадете и малку забава за време на „истражувањето“.

Имајте пријатна вечер само за вас двајца. Поставете си 20 прашања на кои секој од вас искрено ќе одговара. Се разбира, би можеле да додадете и други, и со текот на времето, доколку се развие вашата врска, може да откриете и некои нови зони поврзани со љубовта.

Погледнете ги 20-те прашања што ќе ви помогнат подобро да го запознаете вашиот нов партнер:

  1. Мажите ги гледаат жените како …
  2. Жените ги гледаат мажите како …
  3. Љубовната врска може да биде успешна само доколку партнерите …
  4. Љубовната врска ќе се распадне ако …
  5. Љубовта е …
  6. За да имаат добра љубовна врска, жените мора …
  7. За да имаат добра љубовна врска, мажите мора …
  8. Најтешката работа во интимната врска е …
  9. Луѓето се заљубуваат затоа што …
  10. Најважните квалитети на вистинскиот партнер се …
  11. Најболната работа што мажот може да ја направи во врската е …
  12. Најболната работа што жената може да ја направи во врската е …
  13. Она што го сакаат повеќето мажи е …
  14. Она што го сакаат повеќето жени е …
  15. Најважната лекција што ја научив за односите е …
  16. Зборовите со кои би ја опишал совршената љубовна врска се …
  17. Во врска не можам без …
  18. Најдобрите квалитети што ги носам во врската се …
  19. Без размислување, би ја прекинал врската ако …
  20. Најсилните квалитети на мојот партнер се …