26 ИНСТИТУЦИИ ЌЕ ДОБИЈАТ БЕСПЛАТНА СТОКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ОДЗЕМЕН ИМОТ

26 институции, меѓу кои Министерството за труд и социјална политика, општини, за потребите на училиштата, Црвен крст, Комисија за односи со верските заедници за потребите на манастирите, Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи за потребите на ИВЗ, ќе добијат бесплатна стока, односно над 100.000 парчиња текстил, обувки, канцелариски материјал, апарати за домаќинство од Агенцијата за управување со одземен имот.