| |

ЦИПРАС ДО НОВА ДЕМОКРАТИЈА: СРЕЌНО ВРАЌАЊЕ ВО РЕАЛНОСТА

Само 10 дена после изборите Нова демократија се судри со реалноста од Преспанскиот договор, коментираат од грчката опозиција од Сириза и посакуваат среќно враќање во реалноста во надворешната политика на земјата.

– Седум месеци Нова демократија и господинот Мицотакис се препуштија на неверојатен квази-патриотизам, поттикнувајќи ги национализмот и радикално десничарските теории на заговор за да уловат гласови од радикалната десница. Отидоа толку далеку дури и да говорат за размена за некратењето на пензиите со потпишување на Договорот од Преспа. Само десет дена по изборите, политиката на владата на СИРИЗА во врска со Договорот од Преспа е сосема оправдана. Сега, министрите од НД говорат за „корисни начини на соработка за двете страни“ (Варвициотис) и за „една подобра иднина за двете земји“ (Панајотопулос) – соопштуваат од СИРИЗА.

Слични Објави