27 АПРИЛ: НИНЏА БИЛ ТАЈНО ВРАБОТЕН ВО УБК ОД ГОРАН ГРУЈЕВСКИ

Вести Истакнато Македонија

Александар Василевски Нинџа ја почна својата одбрана во судот за крвавиот четврток.

Тој рече дека освен Нинџа имал и друг прекар ,,Самурај“ и овој прекар му го дал началникот на Петтата управа Горан Грујевски во 2015 година. Грујевски го ангажирал на почетокот на 2015. кога тогашниот лидер на опозицијата почнал да ги објавува бомбите. „Самурај“ имал задача да ги следи луѓето што ќе му ги посочел Грујевски и лично нему да му реферерира. Василевски имал легитимација од УБК, пиштол марка „магнум“ и радио станица на која можел да ја слуша целата комуникација на сите полицајци низ Македонија, вклучувајќи го и Скопје.

Василевски бил тајно вработен во УБК во одделот за оперативна техника и прикриени операции односно во Петтата управа иако имал завршено само 4 степен средно образование.

Нинџа беше споменат во сведочењето на речиси сите обвинети за учество во насилствата од 27 април. Сепак, најдетално и со најсериозни обвинувања беше сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски пред три дена,обајцата обвинети дека биле дел од толпата.

За него рекоа дека, иако не бил вработен во УБК, сепак дејствувал како тамошен вработен, а располагал и со ресурси од управата, односно имал два блиндирани автомобили, дека ги платил фантомките што им биле делени на насилниците и дека по завршувањето на изборите во 2016 година бил дел од наводно сценариот за напад на зградата на ДИК со молотови коктели.

Во сведочењето на браќата Младеновски како еден од роганизаторите беше споменат и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски, кој пред два дена беше приведен и доби 30 дневен притвор за настаните од 27 април.

Извор: Нова ТВ