30 години по геноцидот во Сребреница, српското опшество така и не доживеа катарза
Пишува: Велислав Илиев/БГНЕС
Во крајот на 80-тите години на минатиот век, светот доживува настан кој ја редефинира системата на меѓународните односи. Студената војна завршува, во светот веќе постои само една суперсила, а американскиот политолог Френсис Фукујама го прогласува „крајот на историјата“. Либералната демократија и пазарната економија природно ќе триумфираат секаде во светот и тоа ќе стави крај на сите конфликти предизвикани од следењето на национални интереси, верски фундаментализам или етничка нетрпеливост.
Милијарди луѓе во светот почнуваат да живеат со оваа надеж, додека жителите на Југославија, која се распаѓа се осудени да го доживеат контрааргументот на теоријата на Фукујама. За српските шовинисти кои управуваат со Југославија, нема крај на историјата. Во нивните умови постои само идејата за Голема Србија, во која нема место за други етноси и религии, а светот ќе стане сведок на најбруталниот геноцид по Втората светска војна.
Новиот режим
На 4 мај 1980 година умира диктаторот Јосип Броз Тито, кој речиси четири децении владее со железна рака во Југославија. Неговата епоха е обележана со брутални репресии против правото на национално самоопределување на народите што се најдоа во федерацијата. Можеби најпогодени од таа политика на Тито се македонските Бугари, подложени на насилна македонизација. Но смртта на диктаторот воопшто не носи никаква демократизација или либерализација на режимот. Напротив! Само неколку години подоцна, власта во Југославија ја презема Слободан Милошевиќ, кој за разлика од Тито нема намера да ги потиснува заспаните националистички конфликти, туку ќе ги распали повторно, следејќи ја својата визија за етнички хомогена српска империја.
Веројатно милиони луѓе ја пречекале смртта на Тито со воздишка и мислата дека најлошото е минато и не си ни претпоставувале дека следниот југословенски диктатор ќе биде главниот виновник за смртта на повеќе од 100.000 луѓе.
Војна и распад
Огромните надворешни долгови акумулирани за време на Тито почнуваат да ја уништуваат економијата на Југославија. Падот на Берлинскиот ѕид и крахот на СССР создаваат поволна можност за југословенските републики да ја побараат својата независност. Така, во 1991 година, Словенија и Хрватска прогласуваат независност. Југословенската народна армија (ЈНА) интервенира и во двете отцепени републики. Во Словенија војната трае кратко и има малку жртви, а по меѓународен притисок ЈНА е принудена да се повлече. Во Хрватска борбите продолжуваат сè до 1995 година.
Година подоцна, во Босна и Херцеговина се одржува референдум за независност, на кој Бошњаците и Хрватите гласаат „за“. Србите, кои сочинуваат 31% од населението на републиката, го бојкотираат плебисцитот. По прогласувањето на независноста, босанските Срби започнуваат борбени дејствија, директно поддржани од Милошевиќ и ЈНА.
Војната во Босна трае од 1992 до 1995 година и одзема повеќе од 100.000 животи. Најмалку 20.000 луѓе стануваат жртви на сексуално насилство за време на војната. До ден-денес преживеаните раскажуваат за т.н. „логори за силување“, изградени од Србите, и ужасите кои босанските жени ги доживувале таму. Речиси за време на целата војна, главниот град Сараево е под опсада од војската на Република Српска, предводена од Ратко Младиќ. Тоа е најдолгата опсада во современата историја, во која безмилосно се убиени повеќе од 11.000 луѓе, меѓу кои жени и деца. Три години српските снајперисти пукаат по улиците на Сараево, без да внимаваат дали целат во воени или цивилни цели. Најлошото, меѓутоа, допрва следува…
Сцени од пеколот
За време на војната во Босна, десетици илјади Бошњаци бараат засолниште во енклавата Сребреница, која три години е под постојан напад од српските сили. Во април 1993 година, Советот за безбедност на ООН усвојува резолуција со која Сребреница се прогласува за „безбедна зона“ и таму се испраќаат Силите за заштита на ООН (УНПРОФОР). Во март 1995 година, Радован Караџиќ, претседател и врховен командант на војската на самопрогласената Република Српска, издава наредба за уништување на муслиманското население во енклавите Сребреница и Жепа.
„Преку планирани и добро осмислени борбени операции создајте неподнослива ситуација на целосна несигурност без надеж за понатамошно преживување или живот за жителите на Сребреница и Жепа.“
Тоа стои во издадената од Караџиќ „Директива 7“.
На 11 јули, босанските Срби предводени од ген. Ратко Младиќ ја заземаат Сребреница, а „сините шлемови“ на ООН срамно се повлекуваат заедно со неколку илјади бегалци. Лукавиот Младиќ ветува милост за сите кои ќе се предадат. „Алах не може да ве спаси, но Младиќ може“, вели свирепиот Србин. За само неколку дена се убиени повеќе од 8.000 муслимански мажи и момчиња. Нивните останки се закопувани во масовни гробници, а подоцна и повторно препогребувани за да се прикријат доказите за ужасното злосторство.
Судија од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг го опишува масакрот со следниве зборови:
„Откако во јули 1995 година Сребреница падна под опсадата на српските сили, беше извршен навистина ужасен масакр врз муслиманското население. Доказите опишуваат сцени на незамислива бруталност: илјадници мажи егзекутирани и закопани во масовни гробници, стотици мажи живи закопани, мажи и жени осакатени и заклани, деца убиени пред очите на мајките, дедо принуден да го изеде црниот дроб на својот внук. Тоа се вистински сцени од пеколот, запишани на најцрните страници на човечката историја.“
Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг ги осудува Младиќ и Караџиќ на доживотен затвор. Меѓу осудените се и командантите на Дринскиот корпус (кому му било наредено да го изврши масакрот во Сребреница) Вујадин Поповиќ и Радислав Крстиќ.
11 јули е признаен за Меѓународен ден за сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница. Секоја година на овој ден десетици илјади луѓе доаѓаат во Поточари, близу Сребреница, каде се погребани остатоците на повеќе од 6.000 идентификувани жртви.
30 години подоцна
За разлика од 1989 година, денешниот геополитички контекст е таков што надежите за крај на конфликтите и траен мир изгледаат многу илузорни. Западниот Балкан е една од точките каде ризикот од ескалација на тензиите е најголем. Како во последните 200 години, така и денес, главниот извор на тие тензии е Србија со нејзините претензии за регионална хегемонија. На чело на власта во Белград не е кој било, туку некогашниот министер за информации на Милошевиќ – Александар Вучиќ. Во далечната 1995 година, сегашниот српски претседател стои пред парламентот и се заканува дека „за секој убиен Србин ќе бидат убиени по 100 Босанци“.
Слично на својот ментор, Вучиќ се обидува да создаде услови за конфликти во целиот постјугословенски простор.
Најзагрижувачка е ситуацијата во Босна и Херцеговина, каде Милорад Додик се заканува дека ќе го отцепи ентитетот Република Српска. Не изгледа невозможно, 30 години по потпишувањето на Дејтонскиот договор, српскиот иредентизам повторно да ја потопи Босна во крв.
Протестите што започнаа кон крајот на минатата година, по трагедијата во Нови Сад, можеби внесуваат надеж дека крајот на режимот на Вучиќ е блиску. Прашањето е што ќе следи по тоа? Илјадници знамиња на ЕУ се веат на анти-владини протести во Грузија, зошто такви не се гледаат на демонстрациите во Србија? За жал, 30 години подоцна гледаме дека не само политичката елита во западниот сосед, туку и голем дел од општеството не доживеале катарза. Без толку потребното покајание за грешките од минатото, за жал, нова Сребреница не е неочекуван исход.
