32 години без Ванчо Михајлов

//

Пред 32 години во Рим не напушти последниот лидер на историското ВМРО Иван (Ванчо) Михајлов. Во негова чест Ви пренесуваме дел од неговите спомени објавени во книгата “Спомени IV – Освободителната борба 1924-1934 г. (продължение)” издадени во 1973 г. во Индијанаполис (САД).

„Македонија под „југословенска“ власт продолжуваше да биде во положба, која што одговара за земја окупирана од нејзин непријател. Ако се земе просекот на бројот на населението и територијата, во таа област имаше најмногубројна војска, составена пред се од Срби и Црногорци. Ретки беа случаите кога македонски Бугарин го служеше воениот рок во Македонија.

Со осигуран грб со таква военна сила, жандармеријата во суштина е господар на состојбата. Стражарите исто така. Уште околу 1927 г. на генералот Томиќ со посебен указ му беше дадена власт со неограничени права да раководи со сите органи на власта.

Неговата цел била да го искорени четничкиот институт, но позади овие зборови се разбира друго- србизирањето на македонските Бугари. Томиќ беше началник на жандармеријата. Светозар Прибичевиќ, водач на независните демократи, од чисто српско потекло, зборувајќи во Скупштината за буџетот на Министерството за верски односи и народно здравје, го осудува остро приоритизирањето од страна на Белград на Шумадија во однос на другите делови на Кралството. Во однос на училишното дело во Македонија, тој вели:

„Таму е потребно друго нешто. Потребна е слобода во Македонија. Затоа што од 70 илјади стражари во нашето Кралство, 10 илјади се наоѓаат во Македонија. “

Овие зборови на Прибичевиќ се наоѓаат во материјал на загрепскиот весник „Хрват“ од месец јануари 1928 г.

Во новиот буџет на Владата биле предвидени нови 800 стражари, за Македонија, кои требало да ги чуваат железничките пруги, бидејќи „народната милиција“, не можела успешно да ги чува. Кон 1930 г. бројот на стражарите во македонската област достигна 20 илјади души. На секоја раскрсница имало постојани караули.



Не беа доволни војската, полицијата и државните четници групи. Преку закани, насилство и поткупи се создаде некаква „народна милиција“, на чело на која стоеа формално Михајло Каламатиевиќ и Стојан Мишев, а нејзини фактички раководители беа српските жупани и началници на гарнизони, а исто така во одредени случаи и шефот на жандармеријата.

На 22 октомври 1927 г. белградскиот весник „Политика“ соопшти дека жупаните по наредба на Жика Лазиќ ќе направеле фотографии на оние селани и граѓани, кои имале заслуги кон одржувањето на редот и мирот. Тоа значи дека се пројавиле заедно со српските бандити во злоделата против сопствениот народ…“

Целата книга на Ванчо Михајлов “Спомени IV – Освободителната борба 1924-1934 г. (продължение)”, можете да ја прочитате во Библиотека Струмски.

Вечен нека му биде споменот на Ванчо Михајлов, последниот водач на ВМРО и на македонските Бугари.

Претходна статија

Галерија од 100-тата Јубилејна конвенција на МПО во Форт Вејн Индијана

Следна статија

Денот на независноста, 8-ми Септември неработен за сите

Најново од Вести