4 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ ГО ПРОСТУВААТ НЕВЕРСТВОТО
Мамењето може да се случи на сите. Се смета за најнепростливата работа во една врска. Многу луѓе ја губат вербата во своите партнери после таков настан и не можат понатаму да продолжат со својата врска.
Дури и ако изгледа како најподмолното нешто, за некои знаци, прељубата не е најлошата работа што може да се случи во врската. Меѓу хороскопските знаци, има четири кои би го простиле неверството.
Бик
Биковите се луѓе кои се многу сериозни во врска со нивните интимни односи. Удобноста во семејството е централна за нивниот систем на вредности. Кога го сака својот партнер, Бикот се труди да го натера да се чувствува посебно.
Ако разберат дека се измамени, тие можат да влезат во тешка депресија, да се изолираат од сите други, но не и од нивниот партнер. Тие ќе ги бараат одговорите, тие ќе сакаат да знаат што ги предизвикало овие настани и ќе сторат сé за да ја поправат врската и да се обидат повторно.
Поради силната љубов што ја чувствуваат кога навистина се заљубени, Биковите навистина се спремни да простат неверство. Иако тоа не е секогаш корисно за нив, Бикот сака да го преброди проблемот наместо да го избегне.
Постои уште еден опасен момент – тие не го забораваат настанот, дури и да изгледа дека е така. Овој гнев кон нивниот партнер, во одреден момент може да премине во омраза и да ја затруе врската.
Рак
Раковите може да бидат супер-емотивни, па дури и надразливи кога се лути или сакаат да се наметнат во врската. Сепак, тие се со исклучително сочувствителни и емпатични природи кои имаат тенденција да влезат во позицијата на другиот и да ги разберат мотивите за неговите постапки.
Раковите ќе ги слушаат причините зошто сте го извршиле тоа неверство и грижите што ги имате после таквиот настан. Тогаш тие многу внимателно и молчеливо ќе ја оценат ситуацијата и ќе решат што и како понатаму ќе се одвива во врската. Поради големата потреба за љубов, неговата простувачка природа е исклучително силна. Ако ракот заклучи дека причините зошто сте го направиле тоа, се оправдани, тој ќе биде подготвен да проба повторно да ја воведе врската во ред.
Раковите секогаш работат на решавање на проблемите во врската, наместо да ги „скријат“ под килим. Тие веруваат дека само така може да го разберат својот партнер и да се убедат себеси повторно дека вреди да се зачува таа врска.
Девица
Иако Девицата е најкритичкиот знак во хороскопот, таа е најголемиот простувач. Девицата може да критикува, да се лути, да „вришти“, да не прави муабет но сепак на крајот ќе прости и ќе се потруди да ги среди работите.
Ако партнерот се однесува непријателски, Девиците се откажуваат. Но, ако тие видат жалење и срам кај нивните партнери, тие сепак ќе дадат нова шанса за врската.
Девицата треба да почувствува дека е добар партнер и дека добро се однесува со својата половина. Тие секогаш размислуваат длабоко и ја бараат вината во себе за постапката направена од партнерот. Затоа се обидуваат да ја спасат врската и да станат подобри партнери.
Риба
Кога рибите ќе бидат измамени, тие се чувствуваат катастрофално болни. Ова е поради тоа што не им веруваат лесно на луѓето дури и на оние во кои се заљубени. Но, кога им веруваат, го ставаат целото свое битие во врската, го ставаат целото свое срце во неа. Мамењето за нив е огромна болна шлаканица, вистински кошмар. Рибите страдаат многу, бидејќи тие се еден од најчувствителните знаци на Хороскопот.
Рибите нема да го прифатат лесно неверството, но тоа не значи дека нема и да простат. Иако тие ќе се двоумат што да прават, како ќе продолжат со истата личност, веројатноста за помирување е многу поголема од другите знаци.
Рибата простува постепено. Дури и да ги ислуша вашите причини и мотиви, ќе и треба многу време да се врати на старите патеки.

