4-ТЕ ЗНАЦИ КОИ СОВРШЕНО СИ ОДГОВАРААТ СО ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК ЛАВ

//

Љубовта е дефинитивно меѓу нештата со кои Лавовите се справуваат брилијантно. Енергијата им е едноставно „бесмртна“ и малку луѓе би ја издржале нивната страст и сила. Но еве кои се 4-те хороскопски знаци со кои Лавот би можел да изгради вистинска романтична врска.

1. Близнаци
Близнаците се навистина храбри и ексцентрични. Овие два знаци се компатибилни бидејќи двата лика се од фундаментално различни елементи. Зборлестите и интелигентни Близнаци би можеле да запалат оган кај секој Лав. Покрај тоа, тие немаат ништо против да ја остават водечката улога на партнерот, додека Лавот би ги прифатил со задоволство чукнатите предлози на Близнаците. Ако бидат во врска овие два знаци можат да го очекуваат дури и неочекуваното од љубовта!

2. Стрелец
Физичката хемија помеѓу Лавот и Стрелецот е огромна и навистина жешка. Тие си одговараат идеално не само во сексуалните односи туку и во различните спортови. И двајцата сакаат да бидат доминантни, но не се натпреваруваат за власт, туку се забавуваат со борбата на превласт. Исклучувајќи го физичкото и двата знака се оптимисти по природа и имаат слични ставови за животот.



3. Лав
Логична но  и апсурдна комбинација. Ова е пар кој се обидува (и знае совршено како) да ја истакне и извлече вистинската природа на партнерот. Тие меѓусебно ја бараат и ја откриваат љубовта.

4. Овен
Како огнени знаци Овен и Лавот имаат исти „вибрации”. Тие се разбираат со „половина“ збор и навистина би можеле да се оддадат на длабока и вистинска љубов. Покрај тоа, Овните се поактивни физички додека Лавот сака да води во емоционален план, па конфликтните ситуации се минимизираат.

Претходна статија

МНР: ПРЕПОРАЧУВАМЕ ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО РЕГИОНИТЕ ЗАФАТЕНИ СО ПОЖАРИ ВО ГРЦИЈА

Следна статија

И ШИПОВИЌ ПОБАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА ГРАНТОВИТЕ ЗА ИНОВАЦИИ

Најново од Истакнато