| |

МНР: ПРЕПОРАЧУВАМЕ ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ ВО РЕГИОНИТЕ ЗАФАТЕНИ СО ПОЖАРИ ВО ГРЦИЈА

Заради пожарите кои се случуваат во областа Атика, во околината на Атина, препорачуваме државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во тие региони.

Ги информираме граѓаните дека засега македонски државјани не се обратиле за помош во нашето Дипломатско конзуларно претставништво Атина. Поради пожарите во Грција е прогласена вонредна состојба.

Воедно, информираме дека контакт телефонот на Дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во Атина е 0030 694 474 3071.

Слични Објави