| |

400.000 лева за општина Благоевград за поправка и доизградба на две цркви

Општина Благоевград ќе добие 400.000 лева наменски средства од државата за поправка на централната црква „Воведение на Богородица“ и за доизградба на црквата во селото Изгрев. Веста ја соопшти градоначалникот на Благоевград Методи Бајкушев, пренесува БНР.

Црквата „Воведение на Богородица“, која се наоѓа во стариот кварт „Вароша“ е споменик на културата од национално значење, не е обновена речиси 40 години. Свеќите и греењето на цврсто гориво ги помрачија скапоцените фрески, кои се во опасност да бидат сериозно оштетени. Пред неколку месеци жителите на Благоевград организираа петиција со која бараа итна поправка на храмот. Градоначалникот на општина Бајкушев пред Божик најави дека државата ќе додели 300.000 лева и дека поправката може да започне во соодветно време според експертите.

„Го повикавме Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Неврокопски Серафим да го прашаме и да добиеме благослов за која црква да ги побараме парите. Го одбравме храмот „Воведение на Богородица“ бидејќи таму има готов проект, па во моментот кога ќе дојдат парите – претпоставувам дека ќе да биде веќе на почетокот на следната година, со нив ќе можеме да започнеме со реновирање во внатрешноста на храмот. Колку што знам, остатокот од храмот е во добра конструктивна состојба“.
Уште 100.000 лева одвои Министерството за финансии за доизградба на црквата во благоевградското село Изгрев, која се гради со донации на мирјаните.

Слични Објави