5 КВАЛИТЕТИ НА СИЛНИТЕ МАЖИ ОД КОИ ПОВЕЌЕТО ЖЕНИ СЕ ПЛАШАТ

Постојат мажи кои се прекрасни партнери, интересни луѓе, господа, разумни, авантуристи и дефинитивно имаат што да понудат, без разлика дали е за врска, работа или хоби. Која дама не би сакала таков господин до неа? Секоја, но само на зборови.

Вистината е дека таквиот маж покажува посебен став и подготвеност за компромис, но истото го бара и од жената до него. Ова е само врв на ледениот брег – таквиот маж нè тера да излеземе од нашата зона на удобност, да бидеме критични кон луѓето и особено кон самите нас. И ова не е по сечиј вкус, особено ако девојката или жената е навикната претежно да и се додворуваат и да ја обожаваат без никакви примедби.

Тој сака да води љубов а не војна.

Вистинскиот маж е убеден дека агресијата не е начинот преку кој што треба да се средат проблемите . Не треба да покажува мускули и да користи физичка сила за да го постигне она што го сака. Има многу жени кои погрешно го анализираат ваквото однесување и го означуваат својот партнер како слаб карактер.

Тој се бори за полова еднаквост.

Тој ги почитува жените и ги третира како еднакви. Затоа, во врската, според него, правата и обврските се поделени подеднакво. И, ние не зборуваме само за семејниот буџет. Ова вклучува иницијатива за секс, развој на кариерата, домашни задачи.

Има многу жени кои негуваат идеи за феминизам, но се чувствуваат незадоволни ако ја споделат сметката за вечера со партнерот. Затоа не е изненадување што ваквото однесување не би било по нивна желба.

Тој дава и бара искреност.

Вистинскиот маж не игра игри. Тој сака чиста и јасна комуникација, без реченици кои се нејасни. Тој не се возбудува од гласини, наговестувања или нерешителност. Зборот не знам не постои во нивниот вокабулар. Ова однесување би било вистински предизвик за жените кои „не знаат што сакаат“ и „не се сигурни за преземање на следниот чекор“.

Тој се бори за неговиот личен простор.

Вистинскиот маж има хоби, социјален живот, потреба за одмор. Тој очекува партнерката до него да покаже разбирање и почит кон неговата потреба да се „затвори во својата пештера“ некое време. Тој може сам да се справи со животните предизвици и нема потреба од маќеа.

Многу жени погрешно го толкуваат ваквото однесување и набрзина заклучуваат дека не му се допаѓаат доволно и почнуваат да се грижат. Несигурноста во чувствата потоа доведува до голем број на комуникациски проблеми.

Тој знае колку вреди и што заслужува.

Многу жени сакаат нивните сопрузи да се однесуваат како да имаат среќа да ги имаат во животот, дека се непроценлив подарок испратен од повисока моќ. Ова во никој случај нема да се случи со овој вид на маж.

Тој ја сфаќа среќата што ја носи жената во неговиот живот. Но, во исто време, тој знае дека вложил многу време и напор за да го добие сето тоа. И кога таквиот маж се бори за нешто и го постигне тоа, тој не се чувствува среќен, туку е горд на постигнатата цел.