|

5 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО МВР

Нови пет случаи на заразени полицајци со коронавирус се регистрирани во МВР, со што, вкупниот број на припадници на Mинистерството кои се заразени од вирусот се искачува на 27 случаи, јавува Независен.

Според информациите, станува збор за службеници кои работат во граничната полиција, односно ја обезбедуваат јужната граница.

Во изолација се 56 припадници на МВР поради претходен директен контакт со заразени колеги. Епидемиолошките анкети ќе треба да покажат кој е нултиот пациент од кого почнала да се шири заразата.Новите пет заболени во МВР, се дијагностицираат по две недели откако позитивен тест за коронавирус имаа седум
вработени во Единицата за брзо распоредување, кои престојуваа во Охрид поради работни активности. Тогаш, во изолација беа ставени 39 лица кои имале контакт со нив.



Слични Објави