Во Градскиот парк одбележување на Европската недела на имунизација

Министерството за здравство денеска во Градски парк, на бина-Школка, со почеток во 12 часот, организира забавно-едукативен настан по повод одбележувањето на Европската недела на имунизација. На овој забавно-едукативен настан ќе учествуваат деца од градинките и училиштата од Скопје, нивните родители и наставници, а се реализира со поддршка од Здравствен Дом-Скопје, СЗО, УНИЦЕФ, Град Скопје, Министерство за образование, Министерство за труд и социјална политика и Владата на Република Македонија. Евопската недела на имунизација, годинава по 13. пат се одбележува во периодот од 23 до 29 април, под мотото „Заштити спречи, вакцинирај“.