ПИСМО ОД ЕДЕН „ЛОШ“ БУГАРИН ОД МАКЕДОНИЈА

Овие редови не се посветени на македонската хистерија, овие редови имаат конкретна адреса и не се вознемирувам да ја посочам.

loading...

Се надевам дека некој добронамерен братучед вработен во кабинетот на претседателот Радев, премиерот Борисов, министерот Каракачанов или првата дипломатка Захариева, ќе биде така добар да им го испринта овој текст, не за друго, а за да знаат дека во Македонија, не припаѓаме сите кон групата на „добрите Бугари“ кои се подготвени да згазнат врз коските на починатите, врз вистината и болката, за да си го сместат своето мазно газе на удобно столче во собрание или на некоја директорска или друга државна функција.

Почитувани господа и исклучително почитувана госпоѓо Захариева, ние сме онаа мала група упорни и издржливи копилиња, кои немаме никаква грантови, не работиме во државна администрација, не сме биле премиери и пратеници, не сме директори, а нашите деца не се вработени во општинската администрација во Струмица.

Не сме биле министри за внатрешни или надворешни работи и како такви не сме спроведувале анти-бугарска политика па откако сме „паднале од коњот“ одеднаш сме се разбудиле како пријатели на Бугарија, не сакаме да плукаме против Бугарија иако сега е супер удобно, не ви се шетаме по кабинетите да се сликаме со вас и да глумиме лудило, оти нели лично ве познаваме и имаме прекрасни пријателски и лични релации со сите вас, можам да бројам уште многу за да ви објаснам колку гнасно изгледа во нашите очи сеќавањето за Богојески, Георгиевски, Бучковски, Денко Малевски и други.

Не сме дел од елитата, но не сме ни дотолку „неписмени” копуци, голем дел од нас завршија високо образование, некои дипломираа и на Софискиот универзитет, разбираме што е дипломатија, но не прифаќаме тие луѓе да зборуваат од наше име.

Трето, ве молиме престанете да ги третирате сите во Македонија како ваши браќа!

Претставниците на официјалната власт не ни се трудат да ја кријат искрената омраза кон вас. Истата омраза може да се забележи кај најобични луѓе. Ветото, одлужувањето или како и да го наречете вашиот потег за преговорите на Македонија со ЕУ само им даде зелено светло на сите тие ваши „браќа и сестри“ на најискрен начин да си ја покажат омразата кон сѐ што е бугарско и секако фрустрациите што токму од Софија зависи европскиот пат на Македонија.

Со цел да бидеме разбрани како деструктивен елемент, искрено ви кажуваме дека задоцнивте со ветото!



loading...

Последниот доказ за тоа се појави токму кога стана јасно дека Бугарија ќе донира вакцини за своите најблиски соседи… Соседите и во тој потег најдоа скриена намера и секако причина повторно со пизма да одговорат на одлуката на бугарската влада.

Што и да направите и на глава да застанете, вашите активности ќе бидат пречекани како непријателски. Една универзитетска професорка од овде дури повика парите што вие ги обезбедивте како неповратни средства за последните одобрени проекти во Македонија да бидат вратени…

Можам да набројувам уште, но мислам дека нема смисла. Сетете се на оние над 14 илјади негативни публикации за Бугарија во македонските медиуми. Истите тие медиуми се забранета територија за нас „лошите“ Бугари, бидејќи ние не сме конструктивни и не се местиме според посоката на дување на ветрот. Ние сме проклети и не сме доволно демократи. Ние не ја разбираме хистеријата околу нас.

Сетете се и помислете добро. Историјата ќе им суди на сите. И нам „лошите“ и на нив „добрите“. Ваше е да сфатите дека многу луѓе кои ви се претставуваат како големи пријатели и браќа, седат не на две туку на повеќе столици. Како ќе процедирате со нив, си е ваша работа. Нас „лошите“ оставете нè… Ние сме деструктивен елемент.

Автор: Атанас Величков