7 ПРОНАЈДОЦИ НА НИКОЛА ТЕСЛА КОИ НИКОГАШ НЕ БИЛЕ РЕАЛИЗИРАНИ

Никола Тесла е еден од најголемите умови и пронаоѓачи на сите времиња, но овие 7 пронајдоци на овој пронаоѓач никогаш не биле реализирани.
Неговите дела ги долови фантазиите на генерациите што доаѓаат по него, кои денес живеат во светот на кој тој помогна да се изгради. Како носител на 270 патенти во 27 земји, вклучителнo 112 патенти само во САД, Тесла со право го заслужи своето место во историјата, но не секој изум на Тесла успеа да се реализира во практика.
Освен што овој генијалец го задолжи денешното ниво на цивилизација со откривањето на наизменичната струја, добро прашање е што би се случило со светот доколку и овие седум изуми би биле реализирани.

КУЛАТА БАНДЕРКЛИФЕ ЗА БЕСПЛАТНА ЕНЕРГИЈА
Она што многу луѓе не го знаат е дека Тесла, се обиде да изгради кула што ќе пренесува електрична енергија преку воздухот, па дури го натера американскиот финансиер ЈП Морган да го финансира проектот лоциран на северниот брег на Лонг Ајленд, за што Тесла се надеваше дека ќе прилагоди пренос на електрична енергија до Њујорк. Нормално кога дознаа властите за неговата идеја направија се за да се прекини финансирањето и проектот мораше да се напушти во 1906 година за после една деценија дури и кулата беше потполно уништена до темел.

СУПЕРСОНИЧНИ ВОЗДУШНИ ЛЕТАЛА НАПОЈУВАНИ ОД ЗЕМЈА
Кога пред неколку години беше воведено безжичното полнење на телефоните или таблети, сите мислевме дека е револуционерно откритие. Меѓутоа во 1919 година, Тесла ја има опишано идејата за суперсонично воздушно летало напојувано целосно од безжичен електричен пренос од копнени кули, што може да летаат на висина од околу 30.000 метри и со брзина од 1.000 km/h, правејќи го патувањето од Њујорк до Лондон за помалку од 4 часа.

ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАНИ ВОДНИ ПЛОВИЛА
Освен во својата генијална работа во полето на електричната енергија, Тесла се обидуваше да даде свој допринос и во воената технологија. Тој веруваше дека најдобриот начин да се спречат војните е да се направи крајно бесмислена идејата за војување, или пак толку катастрофално за учесниците што никој нема да биде луд повторно да влезе во војна. Имајќи го ова на ум, измислил мал брод што можел да стартува, запира и управува со радио сигнали. Со остранувањето на луѓето како составен екипаж, борбените бродови ќе престанат да се градат, а артилериските напади еден врз друг ќе биде бесмислен и ќе се нема никаква корист од толку многу многу крш, стар и неупотреблив метал.

КАМЕРА КОЈА ГИ ЧИТА МИСЛИТЕ
Една од најчудесните идеи му беше да се фотографираат нечии мисли. Во 1893 година добил уверување при учеството во некои истраги дека може да се добие дефинирана слика, формирана во мислата, со рефлексно дејство да произведе соодветна слика на мрежницата, што може да се чита истата преку соодветен апарат. Мислата рефлектира слика на мрежницата, која со посебни уреди може да се преслика и проектира истата на екран.
Ако ова може да се направи успешно, тогаш предметите замислени од некоја личност јасно ќе се рефлектираат на екранот додека се формираат, и на овој начин може да се прочита секоја мисла на поеднинецот. Нашите умови во таков развој ќе бидат само како отворени книги во кои секој од нас ќе има пристап до нејзините содржини.

МАШИНА ЗА ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА ЗЕМЈОТРЕС
Во 1893 година, Тесла доби патент за неговиот механички осцилатор на пареа, чии вибрации може да се искористат за производство на електрична енергија, кој подоцна како тоа ќе го објави во јавност дека додека ја калибрирал оваа машина за експеримент, таа започнала да ја тресе толку силно неговата лабораторија во Њујорк што речиси ја срушила зградата во која се наоѓала. Одеднаш целата тешка машинерија летала наоколу и ако не го прекинеле експериментот, целата зграда ќе била срушена за неколку мигови. Надвор на улица владеел хаос, била пристигната полиција, пожарна и брзата помош на кои им било решено дека бил само некаков си земјотрес, така да никогаш не ја дознале правата вистина за тој ефект. Ова му даде иснпирација за неговиот телегеодинамички осцилатор (машина за земјотреси) која може да ја користат научниците за откривање на геолошките својства на Земјата за да инженерите и истражувачите можат да ги лоцираат наоѓалиштата на минерални и метални руди под земјата.

КРЕИРАЊЕ НА ОГРОМНИ МОРСКИ БРАНОВИ
Во текот на својот живот Тесла замислил оружје со толкава разорна моќ што би била соодветна на атомската бомба, во однос на нејзината разорна моќ. Такво оружје би било со моќ за креирање на огромен ВЕШТАЧКИ БРАН, за кој се веруваше дека би бил крај на одбранбената линија од непријателската флота. Идејата му беше да го направи најголемиот борбен брод, што секоја нација може да го произведе бескорисен, така што земјите не би се мачеле да градат морнарици. За да го направи тоа замислил тн. ТЕЛЕУТОМАТОНИ кои ќе активираат неколку тони високо експлозивен материјал кој ќе биде активиран во близина на непријателската морнарица и потполно ќе ја уништи. Колабилниот гасен меур произведен од експлозијата требало да произведе екстремно високи бранови кои дури и на 1.5 km оддалечени од експлозијата брановите би биле високи скоро 80 метри, што би било доволно да го потопи и најголемиот брод.

ЗРАКОТ НА СМРТТА (МИРОВЕН ЗРАК)
Тесла верувал дека со забрзувањето на изотопите на живата до 48 пати поголема од брзината на звукот, добиениот зрак ќе произведе доволно енергија за да уништи цела армија оддалечена на огромно растојание. За таа цел се обидуваше од неколку влади да добие финансирање за тој проект, вклучително и од САД, но само Советскиот Сојуз беше единствениот заинтересиран за овој експеримент. И покрај инсистирање и барање од страна на Тесла никогаш не доби повратна информација за ефектите од руските експерименти како што се надеваше дека ќе ги добие пред неговата смрт.
Сепак, можеби е добро за сите нас, што овие негови пронајдоци не се реализирани до крај, во интерес на нашиот опстанок онаков каков што го знаеме денес, доколку тие пронајдоци би дошле во погрешни раце!!!



Слични Објави