79 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ДРЖАВНИОТ СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР
Државниот студентски дом „Скопје” добива 79 милиони денари од државниот буџет. Оваа одлука ја донесе Владата на РМ на последната владина седница, а истата ја потврдија и од Државниот студентски дом. Ова е второ намалување, во износ од 79 милиони денари, наменети за целосно покривање на трошоците пред зимскиот период.
„Ваквата одлука јасно ги потврдува приоритетите на Владата и новото раководство на студентскиот центар. Новото раководство на Државниот студентски дом „Скопје”, наследи долг од речиси 5 милиони евра и студентски домови кои не нудат основни услови за живот и развој на младите. Ова е директна последица на 11 годинишно недомаќинско и неодговорно работење на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои нанесоа огромни штети врз квалитетот на животот на секој студент во Скопје“, се наведува во соопштението.
„Наша заложба е да ги излвечеме студентските домови од тешката и страшна ситуација во која ги најдовме. Со помош на Министерството за образование и наука за само два месеци по моето назначување, долгот на домовите го намаливме за 36 милиони денари. Ова е второ намалување, во износ од 79 милиони денари. За мене и за оваа Влада студентите секогаш ќе бидат приоритет. Токму тие се иднината на оваа држава“, изјави Дарио Николовски, директорот на Државниот студентски дом.