Милков: Во извештајот на ЕУ за напредокот на РСМ не се земени предвид сите наши забелешки
Европската комисија го обjaви својот извештај за напредокот на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, но во него не се земени предвид сите наши забелешки. Прифатени се забелешките од општ карактер.
Ова го изјави министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков на денешниот брифинг во МНР, јавува БГНЕС.
Ќе продолжиме да работиме за да се потврдат нашите желби во ЕУ по повод РСМ, рече Милков.
