АА: Најстрого да се казнат нападите врз медиумските работници
Секој вид на насилство кон медиумските работници, било вербален или физички напад, претставува повреда на слободата на информацијата и правото на информирање и како таков, на самата демократија.
Станува уште понедозволиво кога ваквите напади се насочени кон новинарите коишто ја покриваат корупцијата од високо ниво и коишто имаат откриено злоупотреби во највисоките државни функции.
Одговорните за ваквите напади мора да се идентификуваат и да бидат најстрого казнети!
Алијанса за Албанците

