Сугаревски: Катастрофални се резултатите во општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ
Функционерот на СДСМ, Горан Сугарески во гостувањето во „Само вистина“ рече дека на локалната власт во Прилеп и оставил време да ја оправда довербата и додаде дека подолг период од последните локални избори се нема појавено во јавноста. Тој кажа дека се катастрофални резултатите во општините низ земјата, каде челниците се од ВМРО-ДПМНЕ.
-Погледнете ја изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, не е реализиран ниту еден проект. Не ги реализираат ниту оние проекти за кои пари им обезбеди централната власт, а напротив се жалат дека централната власт ги кочела, рече Сугаревски.
Тој додаде дека едвај два километра патишта се рехабилитарани од промената на локалната власт.
-Покрај тоа ниту детската градинка која е завршена не може да се пушти во функција, а влезот во Прилеп исто така. Единствено што има е еден куп партиски вработувања во јавните локални претпријатија, а квалитетот е на многу слабо ниво, кажа Сугаревски.
Извор: zoom.mk
