(Фото) Документите говорат: Милан Ѓурлуков: „Бугарското племе е поврзано со Македонија со нераскинливи врски, кои не можат да се прекинат се додека, постои бугарскиот род“
По посетата на бугарскиот премиер Александар Стамболијски на Белград во 1922 година, војводата на ВМОРО Милан Ѓурлуков од Кривогаштани, прилепско, во весникот “Илинден. Орган на бившите македоно-одрински революционери”, год. II, бр. 46, София, 19 ноември 1922 годинаја ја објавил статијата “Как сами се лъжат, или, кой кого лъже” во која го обвинил премиерот Стамболијски дека ги распродава интересите на Македонија и на Македонците.

„Господинот Стамболијски им вели на белграѓани: кревам раце од Македонија и Македонците, не ми требаат, скапо не чинат, не сме ги виделе, ги продавам ефтино, халал, нека ви бидат, земете ги, се откажувам од Македонија и од сите Македонци, кои живеат во Бугарија.
Тоа е многу право, господине Стамболијски. Како гостин, кај не толку гостопримливите Срби од почит кон домаќинот така треба да се зборува.
Па, можеби така разбира и првиот бугарски министер.
Но, како и да е, сме ги слушнале изјавите на многу бугарски дипломати за македонските работи и секогаш е тоа.
Но, една работа не треба да ја заборава господинот Стамболијски, а и Србите: историјата не може да се фалсификува по волја на поединци.
Бугарското племе е поврзано со Македонија со нераскинливи врски кои не можат да се прекинат се додека постои бугарскиот род.
Слушајте Бугари, каде и да сте и без оглед на вашите политички убедувања:
Татковците на бугарската азбука се Бугари од Македонија, тие се и светци-заштитници на целото бугарско племе.
Свети Климент, таткото на бугарската книжевност и покровител на нашата највисока образовна институција, универзитетот, исто така е Македонец од Охрид.
Отецот Пајсиј, таткото на новата бугарска историја, исто така е Бугарин од Македонија.
Овие столбови се родиле таму каде што извира Дрим, каде што течат Вардар и Струма.
Србите се големи патриоти. Уверен сум дека, додека не знаат дека во нас има бугарска свест, чувство и мисла, нема да му веруваат на ниту еден Бугарин, дури и тој искрено да им се заколне и да ги одбие Македонија, Добруџа, Тракија и Цариброд. Помислата на крадецот е секогаш вознемирена, имајќи предвид дека и на Велигден се зема она што е туѓо“.

Извор: Струмски
