Донев: Ќе протестираме официјално поради потерницата на Грозев
Бугарската држава е во постојан контакт со Христо Грозев многу пред медиумските публикации. Ова го изјави бугарскиот премиер Г’л’б Донев на редовната седница на бугарската Влада во Софија, јавува БГНЕС.
Донев истакна дека Бугарија не била официјално информирана од Руската Федерација дека има потерница по новинарот Христо Грозев и посочи дека поради ова прашање на разговор била повикана амбасадорката на Руската Федерација Елеонора Митрофанова.
Премиерот Донев го прогласи чинот против Грозев за неприфатлив и додаде дека претставува повреда на слободата на говорот и обид за заплашување на бугарски државјанин.
Донев најави дека Владата официјално ќе протестира поради потерницата на Грозев и ќе инсистира на целосна информација за оваа одлука на Руската федерација.
Според премиерот, во интерес на безбедноста на Грозев е дејствијата за негова заштита да не се прикажуваат декларативно во вестите.
