| |

Нема одлив на туристи во Банско 

Во Банско веќе има снег, а синоптичарите најавуваат уште снежни денови.

Пред само неколку дена хотелиерите и рестораните во Банско беа загрижени дека сезоната ќе пропадне поради недостиг на снег и можно откажување на резервации во хотелите. Но, веќе од вчера има снег на падините, кој сепак е недоволен за да работат сите објекти, соопшти концесионерот на скијачката зона Иван Обрејков.

Туристичката бранша во Банско не стравува за евентуални откажувања на хотелските резервации, а малото количество снег хотелиерите го компензираат со алтернативи во туризмот, изјави за Радио Благоевград Малин Бистрин, претседател на Сојузот на туристичкиот бизнис.



Слични Објави