| |

Награда за командирот на пожарната од Благоевград чии екипи гаснеа пожари во РС Македонија

Министерот за внатрешни работи на Р. Бугарија Иван Демерџиев му додели огнено оружје на Георги Пармаков, поранешен директор на РДПБЗН Благоевград. Наградата е за значајни резултати постигнати во долгогодишната служба, за покажаната иницијатива и професионалност во вршењето на службените должности.

Потсетуваме, Георги Пармаков, кој на 21 јануари годинава наполни 60 години, лично ги предводеше екипите на противпожарната служба во гаснењето на еден од најголемите и најкомплексните пожари на територијата на Благоевградската област.

Под негово раководство беше и групата бугарски пожарникари, кои во 2021 година и пружија помош на Република Северна Македонија за гаснење на шумските пожари во земјава.

За неговата примерна служба Георги Пармаков повеќепати е наградуван, а во 2022 година претседателот Румен Радев го одликуваше со Орден „За граѓанска заслуга“ II степен.

Слични Објави