|

Земјотрес на Халкидики, почувствуван и во Солун

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала се случи крај брегот на Халкидики, регистриран од Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 12:53 часот, се наоѓа на 12 километри југозападно од Ормилија, Халкидики, пишува „Катимерини“.

Длабочина се проценува на 15 километри.

Според сведоштвата, потресот бил почувствуван и во Солун.



Слични Објави