| |

Бугарите во Чикаго со оро ќе го одбележат Националниот празник на Бугарија 3-ти март

Бугарите во Чикаго ќе имаат можност да земаат учество и да проследат традиционално бугарско оро во Градот на ветровите по повод Националниот празник на Бугарија 3-ти март.

Организатор на настанот е Културниот центар „Бугарика“. Истиот ќе се одржи на 5 март во 10 часот по локално време, се вели во објавата на Фејсбук групата „Обединети Бугари во Чикаго“.

Бугарите ќе можат да се соберат и да ја прослават 145 годишнината од ослободувањето, на плоштадот пред центарот „Бугарика“ на адреса: 1120 S Elmhurst Rd, Mount Prospect, IL 60056.

Во програмата на настанот е наведено дека Бугарите треба да почнат да се собираат во 9:45 часот по локално време на плоштадот, а официјалниот почеток е закажано за 10 часот. Во периодот од 10:15 до 10:30 часот ќе се играат народни танци, а од 11:00 до 16::00 часот ќе биде отворен базар.



Слични Објави