Делегација на УНЕСКО доаѓа во тридневна посета на Бугарија
Делегација на УНЕСКО доаѓа во тридневна официјална посета во Р. Бугарија. Предвидени се средби со потпретседателката Илијана Јотова и министерот за култура Најден Тодоров, како и посети на Пловдив и Созопол.
Помошник генералниот директор на УНЕСКО Ернесто Отоне и Берта де Санкристобал – раководител на одделот „Европа“ во Центарот за светско наследство доаѓаат во Бугарија.
Денес ќе имаат средба во археолошкиот музеј при БАН, а потоа и со потпретседателката Илијана Јотова. На средбата ќе се разговара за соработката на Р. Бугарија со УНЕСКО и идните перспективи за работа. Гостите ќе ги посетат Пловдив и квартот „Капана“, како и Епископската базилика со доцноантичките мозаици на Филипопол (објект кој е впишан во индикативната листа на Бугарија).
Утре гостите од УНЕСКО ќе го посетат островот „Свети Кирик и Јулита“ во близина на Созопол, каде претстојат дискусии околу проектот за изградба на Светски центар за уметности.
Во четврток најпрво ќе имаат средба со министерот за култура Најден Тодоров, а напладне – разговори во Националната галерија со претставници на министерствата за култура и надворешни работи на Р. Бугарија, БАН и Регионалниот центар за нематеријално културно наследство под покровителство на УНЕСКО во Југоисточна Европа.

