| |

Министерот за култура на Бугарија маестро Најден Тодоров: „Мартовските музички денови“ се симбол на развојот на бугарската музика

Со светската премиера на балетот „Калиопа“ од Емил Табаков, започна 62. издание на Меѓународниот фестивал „Мартовски музички денови“ во Русе. Меѓу гостите на отворањето беа потпретседателката Илијана Јотова и министерот за култура Најден Тодоров.

Фестивалот „Мартовски музички денови“ ќе трае до 2 април, а на неговата сцена ќе се појават повеќе од 700 учесници од 9 земји. Публиката ќе види уметници дебитанти и ќе слушне други премиерни дела.

“Секој пат поинтересен, секој пат побогат. И така, како и секоја година со пролетта започнува нешто ново – богат, разновиден, убав живот, вака започнуваат “Мартовските музички денови”. Ова е празник за цела Бугарија – изјави потпретседателката Јотова.

„Ова е фестивал кој е еден од ретките кој успеал да го зачува духот на високата уметност. И јас сум многу среќен, бидејќи во време кога се чини дека се распаѓа, овој фестивал и покрај се, продолжува да стои на високо ниво“, изјави Најден Тодоров.

„Денес не се чувствувам како гостин на овој фестивал, се чувствувам како да се враќам дома. Имам многу голема историја со овој град, со овој фестивал, со оваа сала, со овие луѓе зад мене , затоа сум крајно возбуден.“ – со овие зборови министерот за култура ѝ се обрати на публиката во преполната сала во Русе.

„Мартовските музички денови“ се симбол и на развојот на бугарската музика. Затоа што ако погледнеме наназад низ годините, на програмата на фестивалот, истиот отсекогаш се поврзувал со бугарски композитори и нови бугарски дела. Бугарските композитори го чекаа овој фестивал за да се слушне нивната музика. И еве традицијата продолжува со ново бугарско дело“, изјави маестро Тодоров.

Слични Објави