Изложба по повод 100-годишнината од раѓањето на Апостол Карамитев
Во Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија попладнево ќе биде отворена документарна изложба посветена на 100-годишнината од раѓањето на актерот Апостол Карамитев.
Изложбата посветена на делото на еден од најомилените бугарски актери е насловена „Апостол Карамитев – актерот рицар“. Над 100 фотографии и материјали избрани од десетици обработени документи ќе бидат изложени на 28 табли. Куратор е театрологот Тинка Николова, а изложбата ќе трае до втори април.
Актерот роден во Бургас дипломирал на Државната театарска школа при Народниот театар во Бугарија во класата на проф. Бојан Дановски. И покрај краткиот творечки пат, тој остави силен белег преку улогите на Ромео во „Ромео и Јулија“, Гвидо во „Војвотката од Падова“ и Џери Рајан во „Двајца на лулашка“ на сцената на Националниот театар.
Во киното, гледачите го паметат во филмовите „Љубимец 13“, „Специјалист за сè“, „Рицар без оклоп“.
“Изложбата го прикажува неговиот творечки пат, а не неговиот личен живот. Избрав некои од неговите иконски театарски и филмски улоги. Неговото дело било уникатно. Тој бил неверојатно слободумен човек, со огромно срце, со принципи во животот“, изјави за БНР кураторот Тинка Николова.
Изложбата освен најпознатите фотографии на актерот, ги вклучува и оние кои воопшто не се покажани. Ќе може да се види и фотографија со автограм од Карамитев.
„Тој е сакан актер. Го паметат многу генерации. Го гледаме со неговата убава насмевка, со лесната, пријатна лудост што се забележува во неговите улоги. Неговиот уникатен талент – природен, работлив, посветен на творештвото.
Изложбата го претставува целокупниот творечки лик на Апостол Карамитев, со исклучок на телевизискиот театар, истакна кураторот во емисијата „Пред сите“.
„Познат по неговите театарски претстави и филмски улоги со кои останува во меморијата и срцата на бугарските гледачи“.

