|

(Видео) Пожар во Русија: има опасност пламенот да се прошири на складиште со запалива течност

Пожар избувна во зградата на истражувачко-производствениот комплекс во градот Арамил, Русија, соопшти прес-службата на регионалната главна управа на министерството за вонредни состојби.

„Според оперативните информации, површината на пожарот е 3.000 метри квадратни. Гаснењето е отежнато поради опасност пламенот да се прошири на складиштето со запалива течност“, се наведува во извештајот.

Од зградата се евакуирани 110 лица, и до сега нема извештаи за жртви.

Според информациите на веб-страницата на ВМП, компанијата има производствен комплекс во Арамил на улицата Клубнаја и се занимава со производство на антикорозивни материјали за метал и бетон, отпорни на пламен, полимерни подни облоги и метални прашоци.



Слични Објави