ЕКАТЕРИНИ САКЕЛАРОПУЛУ ЈА ПРЕЗЕМА ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРЦИЈА

//

Новоизбраната претседателка на Грција, Екатерини Сакеларопулу, денеска во парламентот ќе положи свечена заклетва, а веднаш потоа, во претседателската палата и официјално ќе ја преземе функцијата од Прокопис Павлопулос, пренесува АлсатМ.

Мерките и превенцијата од коронавирусот во Грција, донесоа промени во предвидените манифестации за примо – предавањето на функцијата. Па така, на свечената заклетва во Парламентот, наместо 1000, колку што беше првично планирано, ќе бидат поканети само 100 лица, а Сакеларопулу го одложи приемот за честитки, закажан за утре.



Претходна статија

КИНА ИСПРАТИ МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ИТАЛИЈА

Следна статија

ФОНДАЦИЈАТА „СЛАВКО ЈАНЕВСКИ“ ЌЕ ГО ОБЈАВИ ДОБИТНИКОТ НА НАГРАДАТА „РОМАН НА ГОДИНАТА“

Најново од Вести