(Видео) Трендафилов: Македонското општество ќе мора да го прифати постоењето на Бугарија, такво, какво што е
Активистот за правата на македонските Бугари, Ѓорѓи Трендафилов, изрази надеж дека внесувањето на Бугарите во Уставот на РС Македонија ќе се случи во разумно време. Според него македонското општество треба да го прифати фактот дека Бугарија постои таква каква што е , бидејќи географијата во овој регион на југоисточна Европа нема да се смени.
,, Ќе треба многу напор првенствено од јавните личности, политичките лидери и секако од академската заедница која со години наназад приватно или тивко се согласува со одредени историски состојби, вистини, факти, состојби, но кога тоа треба да заврши на јавна сцена или треба са се соопшти погласно на јавноста тука веќе на сила стапуваат некои стари навики, идеи и други намери”, изјави Трендафилов за емисијата Hyde Park на порталот Трибуна.
