ПРЕМИЕРА НА „МИЗАНТРОП“ НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Како дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, денеска (19 јули), со почеток во 21 часот на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид , во изведба на актерите на Театар Комедија премиерно ќе биде одиграна претставата „Мизантроп“ од Жан Батист Поклен Молиер…

Во претставата настапуваат актерите: Атанас Атанасовски, Александар Михајловски, Столе Мицов, Мирјана П. Ристов, Магдалена Ризова – Черних, Жаклина Петровска – Милјановска, Илија Илиоски, Жарко Димоски, Виктор Арсов и Ердоан Максут. Режијата е на Ана Вукотиќ, драматург е Дарко Јан Спасов, кореограф е Соња Вукичевиќ, костимите се на Лина Лековиќ, а композитор е Александар Радуновиќ – Попај.



Слични Објави