|

(Видео) Еве дел од договорот од кој се гледа за што се платени 117 милиони евра, а нема градежни активности, вели Стоилковски

„Почитувани, таблата сè уште стои, речиси 2 месеца по договорот, од 8 март, а еден месец по прославата токму тука кај патарината помеѓу Тетово и Гостивар на 4 април, ама теренот зад мене сè уште е трева и нема никакви градежни активности“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава: „Единствена активност во оваа држава е плаќањето 117 милиони евра, без работа на терен. И таа сума ќе надмине 300 милиони, поради пенали, пак без работа на терен. Една од ставките што ги предвидува финансиските импликации во висина од 117 милиони евра се однесува на дел од договорот наречен contractor establishment payment. Страница 119. од договорот, или втора страница од делот Schedule 1. Ова е ексклузивно дел од договорот што власта го крие, а свиркач го достави до ВМРО-ДПМНЕ!“

Стоилковски посочува и: во слободен превод: „Плаќањето се ресурси за проектот за изведувачот, да се иницираат предградежни и административни активности, како што се формирање канцеларија на изведувачот, кампови и капацитети за поддршка на предградежните активности, подготовки, планот за безбедност на локацијата и здравје, првична испорака на опрема и материјали“ (ама веројатно материјали за кампот и канцелариите), како и формирање лабораторија. Сè, ама нема градилиште, нема градба, а пари се исплаќаат! Владата на ДУИ и помалиот партнер СДС го кријат договорот, потврдија дека исплатиле пари, токму како што пишува тука. Државата со овој ваков договор ја ставија во должничко ропство. Мора да има одговорност. Не ги плаќаат овие пари од сопствен џеб. Во нормална држава за ваков договор, со пенали поради членови во договор надвор од законот и Уставот, треба секој ден да има нова оставка и нов процес! Одговорност мора да има!
Видеото погледнете го ТУКА

Слични Објави