Концерт на воените дувачки оркестри пред Националниот дворец на културата во Софија во рамките на прославата за Денот на храброста и на бугарската армија
Концерт на воените дувачки оркестри на Бугарската армија ќе се одржи вечерва пред Националниот дворец на културата во Софија, со почеток од 18 часот.Настанот е дел од програмата за претстојниот празник на бугарската армија и храброста- 6 мај. 174 музичари ќе изведат дела на бугарски автори. Во рамките на концертот ќе настапат и играорци од Северњашкиот ансамбл за народни песни и игри „Иван В’лев“ – град Плевен.
Хеликоптери и авиони ќе вршат ниски летови над Софија во рамките парадата за празникот. Тоа ќе се случува во одредени термини до петок, информираат од Министерството за одбрана.
Денеска од 10:30 до 11:30 часот, група хеликоптери прелетаа над Софија и софискиот аеродром.
На 04.05.2023 година од 08:30 до 9:10 часот (резервен термин од 15:30 до 16:10 часот) учесниците на воената парада од воздухопловните сили и морнарицата ќе изведат летови над град Софија;
На 05.05.2023 година од 10:00 до 11:00 часот (резервен термин од 15:30 до 16:10 часот) учесниците ќе вршат летови над Софија како генерална проба за воената парада;
На 06.05.2023 година учесниците во воздушната компонента на воената парада ќе летаат над Софија од 10:20 до 11:20 часот.

