|

ПРОНАЈДЕНИ ШТИТЕНИЦИТЕ ШТО ИЗБЕГАА ОД ДОМОТ„25 МАЈ“ ВО ЧЕТВРТОКОТ

По четиридневно трагање полицијата во понеделникот ги пронашла тројцата штитеници што во четвртокот избегаа од Домот „25 Мај“. Малолетниците на возраст од 11, 14 и 16 години во четвртокот околу пладне се оддалечиле во непознат правец. По пријава на вработен во Домот „25 Мај“ во Полициската станица Чаир петокот попладне, започната е истрага и сите тројца се пронајдени во Скопје.

Од Министерството за труд и социјална политика изјавија дека штитениците престојувале кај биолошки роднини. Сега се вратени и исто како и сите други штитеници од Домот, сместени се во мали групни домови.

 



Слични Објави