Во БКИЦ во Скопје ќе се одржи прослава по повод 24 мај- Денот на Св. Кирил и Методиј и на бугарската писменост и култура
Во Бугарскиот културно-информативен центар, денеска попладне, со почеток од 17:30 часот, ќе се одржи прослава по повод 24 мај- Денот на Светите браќа Кирил и Методиј и на бугарската писменост и култура.
На настанот ќе биде претставена програма подготвена од децата ученици од бугарското саботно-неделно училиште „Здравеј“ во Скопје.
Бугарскиот културно-инфомативен центар се наоѓа во центарот на главниот град на ул. Никола Вапцаров бр. 6.
