Желjазков: Делото на Светите Кирил и Методиј е дел од ликот на современа Европа
Претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков изјави дека „делото на светите Кирил и Методиј е дел од ликот на модерна Европа“ во својот говор по литургијата по повод 24 мај во базиликата „Сан Клементе“, пренесува специјалниот пратеник на БГНЕС во Рим Димитар Русков .
Свечената литургија ја водеше Неговото Високопреосвештенство митрополитот западноевропски и средноевропски г. Антониј и свештени лица од Бугарската православна црква.
Според Желјазков, собраните во базиликата ја изразиле својата „длабока почит кон вечното дело на светите првоучители Кирил и Методиј“ и нивниот историски придонес.
Во својот говор говор спикерот на бугарскиот парламент истакна дека словенските првоучители биле прогласени за сопатрони на Европа од страна на папата Јован Павле Втори.
„Денес сме обединети во нашата различност. Живееме на континент кој црпи инспирација од богатото културно, религиозно и хуманистичко наследство. И иако преживуваме бурни и критични времиња, ние сме непоколебливи во нашата потрага да изградиме мирна Европа отворена за култура, знаење и напредок“, изјави Желјазков, прецизирајќи дека делото на светите браќа ќе биде живо сè додека се зачува „незагасливата желба за нови културни достигнувања и општата волја за напредок и благосостојба“.
Во литургијата учествуваа и воспитаници од Софиската теолошка семинарија, а исто така и претставници на Богословскиот факултет на СУ „Св Климент Охридски“, кои годинава слават 120, односно 100 години од своето основање.