|

Министерот за здравство Алиу најави дека „Мој термин“ ќе се надградува

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека „Мој термин“ ќе се надградува и ќе биде од корист на докторите кои ќе издаваат лекарски уверенија. Во системот електронски се евидентираат лекарските уверенија за општа здравствена способност, за засновање работен однос, за психофизичка способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина, како и прегледи за здравствена состојба за поседување и носење оружје.

Лекарите од Трудова медицина ќе имаат електронска евиденција за секој еден којшто го прегледуваат. Според ресорниот министер со ова се овозможува електронски запис за издавање на лекарски уверенија и следење анализи и податоци во реално време.



Слични Објави