СДСМ ПРОТИВ ИВАНОВ: ПРЕТСЕДТЕЛОТ СЕ ОДНЕСУВА АНТИДРЖАВНО
По повод инцидентот на Мечкин Камен за време на чествувањето на дежавниот прзник Илинден, пратеникот од владеачката СДСМ, Костадин Костадинов нападна Иванов за ширење омраза во својот говор во кој се напаѓа владата, и договорот со Грција за компромисно име на државата. Тој додаде дека државата пројавува антидржавен однос, и го нарече недостоен за извршување на функцијата.
Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов повторија дека она што се случи на Мечкин Камен не беше насочено кон владините делегации и странските гости, туку е всушност реакција на народот кон погубната политика на власта и предавството што му го нуди на македонскиот народ.
Уште за време на говорот социјалните мрежи зовреа од критики и негодувања насочени кон претстедателот Иванов, како и на претставниците на полицијата кои и покрај задолжителното присуство дозволија инциден не само на меѓуетничка основа туку и на сметка на странски гости дојдени од почит кон државниот празник.
