| |

Повеќе од триста гајдаџии од цела Бугарија ќе учествуваат на IV Национален собир на гајдата во родопското село Стоjките

На сцената на IV Национален фестивал на гајдите „Апостол Кисјов“ на 24 и 25 јуни во бугарското родопско село Стојките ќе настапат повеќе од 300 гајдаџии од сите фолклорни краишта на Бугариja, соопшти Марија Кисјова за БТА која е претседателка на читалиште „Пробуда -1903“ во Стојките и е организатор на настанот. Во програмата на фестивалот, кој нема натпреварувачки карактер, се изведувачи и на каба и на џура гајда.

На четвртото издание на Национален фестивал ќе се слушаат индивидуални, камерни и оркестарски изведби на гајда, додава Кисјова. Таа нагласува дека рамката на изведбите е широка – автентичен фолклор, обработен фолклор и еден поинаков вид музицирање, што извлекува нови вредности од богатството на бугарскиот фолклор. Учесници се професионалци и аматери музичари од земјата и странство. Меѓу изведувачите гајдарските формации „101 Каба Гајди“, детската гајдарска група „Апостол Кисјов“ – Смолјан, „Делјо Хајдутин“, „Тапани и гајди“, „Еподај“, „Војводи“, „Николај Хајтов“, „Страхил војвода “ и сл.

Во програмата на фестивалот е вклучена тркалезна маса, на која ќе се разговара за следните теми: предизвици со кои се соочува гајдарската уметност во наше време; зачувување на стилот и специфичноста на музицирањето, карактеристични за секој фолклорен простор во Бугарија; облека и сценско однесување. Во текот на вториот фестивалски ден ќе бидат организирани училишта за обука на гајдаџии – мераклии.

Слични Објави