| |

ГДУ: ДИК ДА ИЗЛЕЗЕ И ДА СООПШТИ КАКОВ Е ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

Еден од основните меѓународни стандарди за добар изборен процес и за референдум е точноста на Избирачкиот список, односно довербата во него од страна на учесниците, а пред се од граѓаните, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Во последниве неколку изборни процеси, довербата во Избирачкиот список беше се помала и помала и покрај сите капацитети ставени на ДИК и помошта од голем број странски експерти.

Во јавност веќе се зборува дека со над 1.820.000 запишани гласачи списокот е нерелно голем и истиот е поголем од оној за последните локлни избори кога право на глас имаа 1.814.000 .
Фантомите и огромните бројки со кои се оперира пред избори сега не ги споменуваат ниту власта, ниту опозицијата, а од денеска граѓаните сами ќе ги бараат грешките во списокот.

Но како да бидеме сигурни дека Избирачкиот список нема да се спомене непосредно пред референдумот или после референдумот со цел да се оспори? И воопшто како да бидеме сигурни дека тој е точен, само затоа што во моментов никој не го спори?

За да нема сомнежи и недоразбирања, да нема отворени прашања во јавноста, ДИК да излезе и јавно да соопшти каков е списокот! Додека немаше членови највисокото изборно тело дали тој редовно се ажурирал? Што е со оние 39 илјади гласачи кои беа издвоени како спорни пред парламентарните избори во 2016 година ?

Од ДИК очекувавме кога ќе бидат избрани веднаш да се зафатат со ова прашање, но за жал не слушнавме и не видовме дека многу се ангажирале околу Избирачкиот список.

Почитувани членови на ДИК, ваша обврска е да ја уверите јавноста дека имате капацитет да ги отстраните недостатоците кои се провлекуваат со години, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.



Слични Објави