| |

ГРЕКО: МАКЕДОНИЈА СПРОВЕЛА САМО ШЕСТ ОД 19 ПРЕПОРАКИ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

ГРЕКО, телото за борба против корупција на Советот на Европа, во својот најнов избвештај за Македонија оценува дека “нема опиплив напредок“ во оваа област, јавува „Независен весник“.  Телото смета дека резултатите во Македонија се “очигледно разочарувачки“ и ги повикува властите да преземат конкретни мерки во однос на препораките дадени пред четири и пол години. Во извештајот на ГРЕКО стои дека само 6 од сите 19 препораки се спроведени.  Во соопштението на ГРЕКО стои дека ниедна препорака во однос на пратениците не е спроведена додека кај судиите и обвинителите има ограничен напредок.  ГРЕКО бара од шефот на делегацијата за Македонија да презентира нов извештај за напредокот во имплементацијата на препораките што е можно побрзо, најдоцна до 30 јуни 2019.

Слични Објави