| |

Марија Габриел ќе учествува на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел денеска ќе учествува на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, на кој ќе се разговара за текот на руската инвазија на Украина.

Најверојатно министрите ќе разговараат и за последните настани во Русија поврзани со бунтот на шефот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин, иако тоа се уште не е официјално објавено.

Министрите ќе дебатираат и за воената помош за Украина, вклучително општата нарачка за муниција од 155 мм под Европската агенција за одбрана, во која досега не учествуваа Бугарија, Данска и Ирска. Министрите за надворешни работи Марија Габриел и министерот за одбрана Тодор Тагарев беа децидни дека Бугарија ќе ѝ се придружи на иницијативата.

Ќе се разговара и за други теми – за надоместување на трошоците на земјите-членки кои обезбедија воена помош за Украина, како и за зголемување на капацитетот на европската одбранбена индустрија.

Тема на разговорите ќе биде и 9-тиот пакет санкции против Иран поради воената помош на земјата за Русија.

Дел од агендата ќе бидат и дијалогот Белград-Приштина, ситуацијата во Тунис, Ерменија и Азербејџан, како и односите меѓу ЕУ и Латинска Америка и регионот на Карибите.



Слични Објави