| |

Кај Араповскиот манастир „Света Недела“ кај Асеновград се одржа Бугарскиот собир „Ангел војвода“

Во викендот што помина покрај Араповскиот манастир „Света Недела“ во близина на Асеновград во Бугарија се одржа Бугарскиот собир „Ангел војвода“, посветен на големиот бугарски ајдутин Ангел војвода, кој во средината на 19 век делувал во регионот на Пловдив и Хасково и е основен донатор за изградбата на манастирот.

Треба да се напомене дека Араповскиот манастир е единствениот манастир во Бугарија, кој е изграден за време на османлиското владеење, како пандан на грчката црковна пропаганда. Освен донатор на манастирот, Ангел војвода помогнал и за изградбата на црквата „Св. Георги“ во селото Драгојново.

Во рамките на собирот беше организиран конкурс на бугарски народни носии, некои од кои стари повеќе од 150 години. Освен конкурсот програмата на собирот беше исполнета и со многу автентична бугарска изворна музика, прикажување на стари занаети, стари бугарски јадења и активности за најмалите гости на собирот-децата. Тие се учеа, како се плетат монистра, шамии, гајтани за носии и др.

„Целта на собирот е да ги зачува и популаризира историското и културното наследство, бугарскиот фолклор и народни традиции “, велат организаторите.

На собирот беше претставена и историска реконструкција посветена на ликот и делото на Ангел војвода.

На собирот настапија и следните фолклорни групи: Група за изворен фолклор кон читалиште „Н.Ј.Вапцаров 1927“, гр. Хисарја, кв. Момина бања со раководител Маријана В’лкова, гајдаџиите од групата „Алтан Калофер“, гајдарите и мешаниот хор кон читалиштето „Христо Ботев-1869 г“ гр. Калофер, ансамблот за народни танци од Петрич „Русалии“ и уште многу групи за изворен фолклор од голем број читалишта ширум Бугарија.

„ Им благодариме на сите учесници и наши гости од читалишта ширум земјата, што претставија автентичен фоклор и народни традиции, зачувани со векови“, велат организаторите на собирот.

Големиот пријател на порталот Трибуна, Методи Иванов, ни изпрати фотографии од самиот собир. Истите можете да ги разгледате во галеријата што следи:

Слични Објави