СЛАДОЛЕД ОД ЛУБЕНИЦА – ВИСТИНСКИ ХИТ ВО ВАШИОТ ДОМ

Ви предлагаме да подготвите нов, невообичаен и вкусен десерт што ќе стане вистински хит во вашиот дом. Подготовката на овој десерт не е многу тешка, а резултатот ќе ги надмине сите ваши очекувања, ќе ги изненади како гостите така и домашните!

Состојки:

Лубеница – 400 г. +
Шеќер во прав – 1 супена лажица +
Хопла  20% – 200 мл.

Подготовка:

Исечете ја лубеницата на парчиња, како обично.
Отстранете ги семките.
Ставете ги прчињата во бледер и блендирајте до добивање на еднородна течна маса.
Земете холпла, колку помрсна, толку подобро, но не под 20% – сладоледот од тоа само ќе има корист. Мешајте со миксер додека не добиете одредена стабилност на смесата (густина). Време за ова ќе треба повеќе, но резултатот ќе ве одушеви.
Ставете го шеќерот во прав, повторно измешајте. Можете да мешате со лажица, или можете да мешате со миксерот на мала брзина. Имајте на ум ладното јадење се чини помалку слатко, затоа по потреба додадете повеќе шеќер.
За да ја избегнете појавата на мраз, најдобро е да го ставите сладоледот во пластичен контејнер пред да го ставите во замрзнувач на 2,5 часа.
По некое време, кога масата е веќе замрзната, извадете ја од фрижидер измешајте ја со миксер на голема брзина и повторно вратете ја назад на исто време.
Ако по 2,5 часа сладоледот е целосно замрзнат, може да се сервира. Ако не, измиксирајте го по трет пат и оставете го замрзнувачот до целосно замрзнување.

Пријатен апетит!



Слични Објави