| |

КИНА ЌЕ СЕ ЖАЛИ ВО СВЕТСКАТА ТРГОВСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА САД

Министерот за трговија на Кина, изјави дека кинеските власти имаат намера да поднесат жалба до Светската трговска организација (СТО) во врска со неодамнешното зголемување на царините од страна на САД. Загубите на Кина поради последните зголемувања се проценуваат на $16 милијарди долари.

Претходно „Вол Стрит Журнал“ соопштува дека претставници на САД и Кина подготвуваат план за отстранување на меѓусебните трговски претензии. Истакнато е дека претставниците на двете земји ќе се сретнат на неколку рунди преговори кои треба да помогнат да се намалат трговските тензии меѓу Пекинг и Вашингтон.

„Њујорк пост“ исто така објавува дека администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп поради причини поврзани со националната безбедност се подготвува да го превземе контролниот пакет-акции на зграда во Њујорк, која моментално е сопственост на познат кинески конгломерат.

Слични Објави