|

БЕН АФЛЕК НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА, ЌЕ СЕ ЛЕКУВА ОД АЛКОХОЛИЗАМ

Американскиот актер Бен Афлек ќе се лекува од алкохолизам во центар за рехабилитација во САД. Како што пишуваат медиумите, на овој чекор го убедила неговата сопруга, актерката Џенифер Гарнер.

Се претпоставува дека Гарнер се загрижила за здравјето на нејзиниот сопруг, гледајќи фотографии од очевидци кои го фотографирале актерот како козумира алкохолни пијалоци. Според доверливи извори, актерот ќе биде сместен во една од клиниките во Лос Анџелес, каде што ќе остане „долго време”.

Во 2001 и 2017 година, Афлек на два пати веќе се обидуваше да се излечи од оваа зависност, соопштуваат медиумите. Во 2017-та двојката најави развод, но официјално тие останаа во брак. Гарнер и Афлек имаат три деца.



Слични Објави