НАЈМАЛКУ 13 ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ЈАПОНИЈА ОД ТАЈФУНОТ „СИМАРОН“
Повеќе од 13 лица беа повредени како резултат на поројниот дожд и ураганскииот ветер кои го придружуваа тајфунот „Симарон” во Јапонија, објави агенцијата „Киодо“.
Според податоците од Главната метеоролошки управа во Јапонија, циклонот кој е 20ти по ред во сегашната сезона, од четвртокот кон петокот ја зафатил земјата од запад кон север и се преселил во морето.
Притисокот во центарот на циклонот изнесувал 990 хектопаскали. Брзината во центарот достигнувала 25 метри во секунда, односно 35 метри во секунда.
Тајфунот „Симарон” е втор оваа недела во Јапонија, откако друг тајфун, наречен „Солик” ги зафати југо-западните области на земјата. Поради непогодите биле откажани околу 60-тина домашни авиолетови, забележани се исто така поголеми задржувања во железничкиот сообраќај кои се нетипични за Јапонија.
Специјалистите предупредуваат за зголемување на висината на брановите до 5-6 метри и ги повикуваат жителите во близина на пристаништата да се воздржат од излезгување на море. Метеоролозите, исто така, укажуваат на зголемена опасност од одрони и свлечишта поради поројните дождови.
