ИНСТИТУТ ХРИСТО УЗУНОВ : НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ, ЦРВЕНО ЦРНАТА ИДЕОЛОГИЈА Е НАЈСИЛНА
На новите властодршци, можеме да им порачаме, да не заборават дека црвено црната идеологија е најсилната идеологија во Македонија. Дека ранетиот десничар ќе се крене од пепелта и повторно својата сила ќе ја побара во светите букви на ВМРО. Да не се надеваат оние кои шкртаа по ѕидови и оставаа пораки NEVER MORE VMRO дека ќе јуришаат на светоста на секој Македонец, зошто таквите желби ќе им бидат најголем непријател во нивната заложба за наводната демократизација на државата. Оние кои најавуваат дека со багери и копачи ќе удрат по идентитетот на идеолошките вмровци, треба да знаат дека ќе добијат чист десничарски одговор. Но не од квази десничари како Мирка, Миленко, Латас, Бетмен Че Гевара и обвинети удбаши кои застанаа на колоната на одбраната на Македонија, туку од оние кои изминативе години плачеа и за дражвата и за партијата ВМРО. Ликот и делото на вечните Даме, Гоце, Тодор, Борис и други, живее кај речиси еден милион Македонци кои во себе носат и други приказни, освен оние партизанските од периодот 1941 до 1945 година. Овие луѓе, надвор од валканиот политички простор, се темелот на Македонија и македонштината. Тие секогаш ќе бидат и ќе останат овде. Без разлика дали биле власт, опозиција, се бавеле или не со политика. ВМРО и Црвено црниот бајрак, живеат во срцата, на сите оние луѓе кои вие ги лажевте, и дел од нив предадовте.
Сега, кога десницата заринка во калта на извртените вредности, ќе има добра шанса и време, да се подигне од прашината, и да се врати на сцената уште посилна, и уште поорганизирана.
